За да се реши овој
проблем, пред неколку дена во Ново Лисиче градоначалникот на Општина Аеродром
Ивица Коневски, и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски свечено пуштија во
употреба нов бесплатен паркинг на булеварот Видое Смилевски Бато, веднаш до
сателитската антена. Новото паркиралиште има простор за 65 автомобили, и две
места наменети за лица со инвалидитет.
Се надевам дека со новото паркиралиште ќе се реши проблемот со паркирање во овој дел на општината.
Порачувам овој пример да го следат и другите општини, изјави на Коце
Трајановски отворањето на паркингот.
Во тек е изградба на уште
едно вакво паркиралиште кое набрзо треба да биде готово, а во план е изградба
на уште едно. Пред една година, исто така беше изграден и паркинг на 2 ката со
простор за 100 автомобили.
Градоначалникот апелираше
до станарите од Аеродром да не ги паркираат возилата на јавните зелени
површини, на плочниците и околу зградите, со што го уништуваат зеленилото и ги
кршат плочниците наменети за пешаци. Дополни дека сообраќајната полиција и пајак
службата ќе вршат засилени контроли и ќе ги казнуваат станарите со непрописно
паркирани возила.
Станарите на една зграда
неможејќи да се справат со овој проблем, веќе одамна имаат откупено простор од
општината и околу зградата си имаат поплочено приватен простор за паркирање. Но
бидејќи не секој може да си дозволи приватен паркинг, граѓаните паркираат на
недозволени места.
-Досега немам видено
„пајак“ да крева коли во Ново Лисиче. Навистина е тешко да се најде простор
каде да се паркира, ама се снаоѓаме некако, изјави жител на Ново Лисиче.
Марко Петревски
No comments:
Post a Comment